Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки остануваат први во групата со обезбеден пласман во четвртфиналето
Вардарки остануваат први во групата со обезбеден пласман во четвртфиналето

Вардарки остануваат први во групата со обезбеден пласман во четвртфиналето

Пред нас е третото коло во главната рунда од женската лига на шампиони. За нас е интерсната групата 1 каде видкендов нова победа забележа екипата на Вардар. Изненадувачки триумф и за ФТЦ Будимпешта и за екипата на Мец во оваа група.

Нашиот ракометен шампион, Вардар ја продолжи серијата на победи и на гостувањето во Германија, каде беше подобар од екипата на Турингер. Црвено-црните маа добро прво но лошо второ полувреме и до самиот финиш се бореа за двата бода. Имавме перфектен старт на мечот кога поведовме со 0:5 а на моменти во првото полувреме имавме и седум голови водство. По истекот на првите 30 минути резултатот беше 13:18. Како течеше второто полувреме, Турингер играше се подобро а главен креатор на пресвртот беше нивниот голман Краузер која бранеше одлично. Во 46 минута се случи и првото израмнување на дуелот, додека на девет минути пред крај домашниот тим имаше и водство. Сепак во завршницата пресуди искуството на Вардарки кои успеаа да слават со онечни 29:31. Кај нас Пенезиќ постигна 10 погодоци, а кај противникот имаше три девојки со по пет погодоци.

Будуќност не памети кога последен пат во својата историја загубил два натпревари по ред на свој терен. После Вардар, екипата на ФТЦ Будимпешта беше противникот кој со цел плен си замина од Подгорица. На самиот старт Унгарките поведоа со 0:2 за Будуќност за момент да намали на 2:3 по што следеше серија на ФТЦ од 1:5 за највисоки 3:8. До крајот на првото полувреме гостинскиот тим само го зголемуваше водството и на одмор замина со неверојатна двоцифрена предност од 9:19. Голема заслуга за оваа висока предност имаше голманот на ФТЦ, Биро која имаше зад своето име 11 успешни интервенции. Не одеа добро работите за Будуќност ниту во второто полувреме, кога не успеаа да ја симнат големата негатива што ја имаа по првиот дел, која на крајот се покажа како клучна за конечниот триумф од 25:33. Сучански кај ФТЦ постигна 7 голови, додека кај Будуќност најдобра беше Булатовиќ со 7 голови.  Целсоно потфрли најдобриот стрелец, Неагу која го заврши натпреварот со само 3 голови.

Мец немаше никакви проблеми во дуелот со Астраханочка и очекувано ги освои бодовите од овој натпревар. Пред својата публика шампионот на Франција славеше со резултат 37:18. Уште од самиот старт Мец се одлепи од Астраханочка и на полувреме имаа солидно водство од 17:10. Екипата од Русија немаше сила да се надигрува во второто полувреме и прашање беше само со колкава разлика ќе го загубат натпреварот. Конечниот резултат гласеше 37:18. Кај победничкиот тим Сајка постигна 7 голови, додека кај Астраханочка повторно најдобра беше Сабирова со 5 голови.

По одигрување на третото коло табелата во групата 1 во која лидер е Вардар изгледа вака:

1. Вардар  13

2. ФТЦ Будимпешта   11

3. Будуќност  8

4. Мец  6

5. Турингер  4

6. Астраханочка   0

Двојки за следното четврто коло се:

Вардар – Будуќност

ФТЦ – Мец

Астраханочка – Турингер