По повод успехот на нашиот борач Халил Зубиров по освоениот медал на европското првенство беше на прием заедно со Проф.Љубиша Пешко и другите членови на БК Вардар во Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. Наодржаната пресконференција за медиумите беа присутни г-н Пешко , Борачот Халил Забаиров, директорот на агенцијата Спасески Маријан ,и преседателот на БФМ Чедо Николовски . Како што пренесуват на сајт на агенцијата за млади и спорт по повод оваа прилика изјавено е следново :
Чедо Николовски Претседателот на БФМ вели :-Остварување на едно од првите шест места на претстојното Светско, а со самото тоа и обезбедување на пласман за Олимпијада се реалните очекувања на сите во Федерацијата”,. Тој изрази голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт; МОК и сите присутни медиуми за огромната поддршка која ја даваат кон Македонскиот спорт и вети дека истиите нема да се разочараат во Македонските борачи.
Марјан Спасески – директор на Агенција за млади и спорт изјави : Ова е доказ дека борењето на голема врата се враќа во Македонските кругови, а нашите очекувања се од следното натпреварување Македонскиот тим да се врати со уште поголеми резултати и со остварени олимписки норми. Во тој контекст Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски,морално и логистички ќе ги поддржува настапите на Македонските борачи, верувајќи дека на претстојните ОИ во Рио ќе има учесници, а зошто да не и медалисти од токму од овој спорт”,
Тренерот Пешко зборуваше за идните планови на Репрезентацијата, потенцирајќи дека иако повеќето се натурализирани Македонци, сепак се големи патриоти и вистински борци чија крајна цел е Рио.