Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јулија Николиќ: Имаме големи шанси да одиме на Ф4
Јулија Николиќ: Имаме големи шанси да одиме на Ф4

Јулија Николиќ: Имаме големи шанси да одиме на Ф4

Во сабота со почеток од 19:00 во С.Ц. Јане Сандански Жрк Вардар ќе го одигра првиот 1/4 дуел во ЛШ. Противник е Ѓер, актуелниот европски првак и екипата која последниве наназад години е во самиот врв на европскиот ракомет. Еднаш оваа сезона ги победивме на турнирот “Хандбал Фиеста“ во пријателски натпревар. Но ова е сосема нешто друго, борба за влез во најдобрите четири екипи и пласман на завршниот турнир во Будимпешта.

-Расположението во екипата е одлично. Се подготвуваме максимално, секој ден гледаме видеа од противникот и го анализираме. Мислам дека имаме големи шанси да одиме на Ф4. Нормално дека ќе бидат тоа два тешки мечеви, но ако изиграме дисциплинирано и како едно цело ќе дојдеме до добар резултат. Во Ѓер ќе недостасуваат два клучни играчи и тоа треба да го искористиме.

Публиката би требала да биде осмиот играч на овие девојки, кои ќе имаат тешка задача во овој двомеч. Нивната подршка би им значела многу во остварување на добар резултат пред реваншот.

-Се надевам дека ќе покажеме добра игра, и дека ќе имаме голема подршка од публиката, изјави Николиќ за Вардарфанс.

Звонко Ивановски