Двете ракометни екипи на Жрк Вардар ќе бидат домаќини на своите четврт-финални групи во Купот на Македонија. Првата екипа на Жрк Вардар се наоѓа во група заедно со екипите на Куманово и Чаир. Вардарки се слободни во полуфиналето, а во финалето ќе играат со подобриот од дуелот Куманово-Чаир.
Втората екипа на Жрк Вардар предводена од Симе Симовски за да стигне на завршниот турнир ќе биде потребно да одигра само еден натпревар, против тимот на Ѓорче.
Натпреварите од групите ќе се одиграат на 11 и 12 април, во малата сала во С.Ц. Јане Сандански. Победниците од сите четири групи ќе играат на завршниот турнир на најдобрите четири во националниот куп.