Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! БК Вардар АПСТИНИРА од понатамошните активности и натпревари поради хаосот во делувањето на федерацијата
Борење! БК Вардар АПСТИНИРА од понатамошните активности и натпревари поради хаосот во делувањето на федерацијата

Борење! БК Вардар АПСТИНИРА од понатамошните активности и натпревари поради хаосот во делувањето на федерацијата

Oгромен број наталожени проблеми има во македонското борење, истите раководството на ФБСМ само ги игнорира. Тие  одбиваат да ги разгледуваат барањата и предолозите упатени до нив од БК Вардар за наталожените проблеми. Таа непрофесионалност и инертност веќе неможе да се поднесе па Вардар се одлучи на радикален чекор.

БК Вардар , АПСТИНИРА од понатамошните активности и натпревари, како од државни, така и од меѓународни ! Се благодарејќи на многу лошата политика на раководството на ФБСМ ( се нема слух и разбирање , самоволно неадекватно одлучување, ненавремено планирање и организирање, никаква економска ниту материјална поддршка), со што намерно се наметнуваат финансиски издатоци на клубот, и со своите подли дејствија и интриги – намерно работат против Македонското борење!

Воедно од клубот дополнуваат дека според критериумите на ФБСМ, поради не почитувањето на победниците на Изборните шампионати, недолично и дискриминирацко однесување спрема нив-поради нестатутарни и нелегитимни одлуки и неадекватно раководење со Федерацијата испраќаат апел и предлог до раководството да си поднесат неотповиклива колективна оставка.