Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Нов термин за 1/2фин. во Купот, Вардар ќе ја пречека Хераклеа утре во 11часот

Куглање! Нов термин за 1/2фин. во Купот, Вардар ќе ја пречека Хераклеа утре во 11часот

Вардарци во Купот на Mакедонија ги очекува  возвратниот дуел со екипата на КК Хераклеа од Битола. Како и првиот меч така и овој  повторно го играме во Скопје во кугларницата  “Мусандра“.  По договор во текот на вчерашниот ден помеѓу претседателите на двата клуба натпреварот има друг термин за одигрување во однос на првично закажаниот.

Ние битолчани ги пречекуваме во сабота, 20-ти мај. Натпреварот во кој формално сме гости е закажан сега со почеток во 11-00 часот. Во дуелот влегуваме со огромна предност од првиот полуфинален натпревар во Купот на Република Македонија,  во истиот црвено-црниот кугларски колектив дојде до убедлива победа со 7-1, со оваа победа вториот натпревар го направивме речеси формалност. Знаејќи го нашиот квалитет и историјата на мечеви помеѓу двете екипи одиграни во Скопје каде имаме 100% ефект очекуваме победа и во вториот натпревар. Со тоа  и убедлив пласмaн во финалето каде најверојатно ќе не очекува КК Макпетрол. Нашата цел во ова натпреварување пред почетокот на истото беше  пласман во финалето.