Сара Ристовска од редовите на Вардар е номинирана во изборот за најдобро десно крило, за млади ракометарки кои се родени 1995 година и помлади. Се номинирани вкупно 28 ракометарки, односно по четири на секоја позиција, а меѓу нив се најде и членот на Вардар, Сара Ристовска. Изборот го направија голем број на новинари од Норвешка, Данска, Шпанија, Франција, Словенија, Хрватска, Србија, Аргентина, Италија, Русија и Белорусија. Сара е стандардна и репрезентативка на Македонија.
За Ристовска можете да го дадете својот глас на линкот ТУКА.