Денес во главниот град на Унгарија Будимпешта се одржа еден од најмасовните полумаратони 30-от по ред “Виз Ер Будимпешта “. На истиот учество земаа и 41 атлетичар од Република Македонија .
Помеѓу нив беше и нашиот член на црвено – црниот атлетичарско колектив Марко Ивановски . Членот на АК Вардар овој маратон го трчаше со повреда која го мачи и зад себе имаше 10сетина дена прекин во тренажниот процес заради истата. Но нашето храбро момче направи солиден резултат на овој полумаратон . Резултатот кој го постигна Ивановски на овој полумаратон беше 1:28:11 што беше доволен за пласман на 205 позиција од над 9000 учесници. Јасно е дека без повреда овој пласман ќе беше подобар ,но за илустрација и овој резултат на талентираниот млад атлетичар е втор најдобар резултат на “Виз Ер Будимпешта“ од 41 македонски учесници. На Ивановски му ја честитаме добрата трка и му посакуваме одлична сезона во продолжение.