Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од 21-ви започнува замената на ваучери со сезонски картички за Л.Ш
Од 21-ви започнува замената на ваучери со сезонски картички за Л.Ш

Од 21-ви започнува замената на ваучери со сезонски картички за Л.Ш

Од   21-ви септември (понеделник) ќе   започне  како што информираат од нашиот РК Вардар -замената на ваучерите за сезонски картички за новата сезона од групната фаза во Лигата на шампионите за натпреварите на РК Вардар. Сите оние кои изминатата недела купија блок билет (ваучер), за натпреварите на РК Вардар, должни се да го заменат за сезонска картичка.При замената, освен приложување на ваучерот (А4) и фискалната сметка, должни сте да приложите и документ за лична идентификација или фотокопија од истиот за секој билет поединечно. Едно лице може да изврши замена за повеќемина.

Замената ќе трае од понеделник до петок ( 21 – 25. 09), само на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”, од 10 -18 часот.

НАПОМЕНА: Доколку замената не се изврши во дадениот рок, ваучерот ќе се смета за невалиден.

Дополнителни информации за замената на ваучерите со сезонски картички може да добиете и на телефонскиот број + 389 (2) 2 40 19 80, како и на www.ticketplus.mk
и www.rkvardar.com.mk.