Сезона во “кралицата на спортовите“-атлетиката со настапување на пролета е во полн ек, неколку Вардарови атлетичари веќе ги забележаа своите настапи оваа пролет. Вардаровиот атлетичар Петре Завировски истрча неколку одлични трки на 5 километарската патека на кејот на реката Вардар во склоп на – Најк лигата. Покрај тоа имаше феноменален настап на “Gazi Baba XC Challenge`17„ таму тој истрча феноменално за “сребро“ и нов личен рекорд на патеката.
По оваа трка тој паузираше изминатите викенди, сепак покрај тоа што не се натпреваруваше тој се подготвува повеќе од напорно за она што го очекува како следен предизвик, односно две трки идниот месец во огранизација на Македонската атлетска федерација. Трките ќе се одвиваат во во втората половина на овој месец, април. Двете трки ќе се трчаат на тартан-патеката во склоп на “Телеком Арената“ во Скопје или евентуално како опција е и градот Охрид. Првиот предизвик е трка на 3000 метри која е атлетски “митинг“ за старт на сезоната. На оваа трка вардаровиот атлетичар ќе го нападне времето “9-30 минути“ кое е негов таргет. Веднаш по неа, идната недела по првата трка ќе се трча Државното поединечно првенство на 10.000 метра на кое нашето момче ќе атакува на време под 35-00 минути. Неговата постојана работа во последната година донесе голем напредок и одлични резултати тој во повеќето трки на кој учествуваше ги надминуваше значајно своите претходни времиња на истите и секогаш беше во врвот на пласманот или на самиот врв.