Попладнево во просториите на ФФМ беа извлечени арбитрите за престојното коло кое е на програмата овој викенд, поточно в сабота. На натпреварот во Кратово на кој се среќаваат домаќинот Силекс и Вардар, главен делител на правдата ќе биде Далибор Ѓорѓевски од Куманово.
Натпреварот помеѓу овие два тима ќе биде одигран в сабота со почеток во 16 часот. Очекуваме Вардар да ја продолжи победничката низа и походок кон нова шампионска титула.