Ракометарите на Вардар ја запишаа втората победа во низа во ракометната Супер лига, попладнево нашите ракометари на домашен терен лесно и убедливо го совладаа тимот на битолски Пелистер со резултат 41:26 (21:12). Со оваа победа сега нашиот тим е на скор од две победи и еден пораз, следен противник на нашиот тим е РК Охрид.
Првиот дел вардарци го одиграа одлично, без ниту во еден момент да им биде загрозена резултатската предност, во текот на сите 30. минути Вардар беше доминантен на теренот. Натпреварот започна добро за нашиот тим, на средина на првиот дел Вардар имаше предност од 10:6. Како одминуваше натпреварот така и Вардар си ја зголемуваше својата разлика. Веќе во 17. минута Вардар имаше предност од 12:7 со голот на Стоилов. Вардар клучната разлика ја направи некаде кон 23. минута, кога со серија од 5:0 нашиот тим дојде до високи 16:10. Оваа серија ја прекина Чантурија со гол за гостите. До крајот на првиот дел Вардар постигна уште пет погодоци за на пауза да замине со високи 21:12. Во првиот дел Македа постигна 6 голови.
Вo второто полувреме во игра влезе и Шишкарев кој се опорави од повредата, токму со неговиот погодок Вардар во 33. минута дојде нова предност од плус десет 23:13. Со нова серија од три погодоци во низа, Вардар дојде до највисоките плус 13 во 36. минута од мечот. Во 41. минута вреди да се напомене дека погодок постигна и голманот на Пелистер Колев, за намалување на десет негатива. Во 50. минута од мечот Вардар рутинирано си ја довршуваше својата задача, имаше предност од 13 плус 33:20. На крајот нашиот тим победи со убедливи 15 голови разлика.
Најефикасен во победата беше Хорхе Македа со 7 голови, додека 6 постигна Мијајло Марсениќ.
ВАРДАР: Стоилов 5, Недановски 4, Милиќ, Македа 7, Деревен 3, Карачиќ 1, Душебаев 3, Циндриќ 3, Ангелов, Шишкарев 5, Борозан 1, Војводиќ 3, Марсениќ 6, Абутовиќ.