Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пораз и нерешен резултат за пионерските екипи на ФК Вардар, на гостувањето во Гостивар

Пораз и нерешен резултат за пионерските екипи на ФК Вардар, на гостувањето во Гостивар

Еден нерешен резултат и пораз за пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар на денешноот гостување во Гостивар, против истоимената екипа.

Помладите пионери го загубија својот натпревар со 3:1. Тука противникот имаше водство во првото полувреме од 1:0. На стартот на вториот дел, во 49 минута екипата на Вардар успеа да го израмни резултатот, преку репрезентативецот Бојан Димоски. Сепак за само шест минути подоцна, домашниот тим на Гостивар со два гола успеа да зголеми на 3:1 и да го реши победникот.

Вардар: Рамадани, Ѓурковски, Николов, Манасиевски, Апостоловски, Спировски, Димоски, Илиевски, Астарџиев, Спировски, Асенов.

Во игра влегоа и Малик Хасновиќ, Самир Хасиќ, Виктор Мирчевски, Дамјан Бојковски, Давид Ристовски и Медија Кртовски.

Пионерите иако имаа водство,на крајот сепак одиграа со нерешен резултат 1:1. Стартот на натпреварот навестуваше добар резултат за нашите пионери кои поведоа уште во 2 минута од мечот, со голот на Саит Битиќи. Сепак во 23 минута, екипата на Гостивар успеа да го израмни резултатот на 1:1. Овој резултат на крај се покажа и како конечен на мечот.

Вардар: Тимевски, Петковски, Калчиноски, Пешевски, Ѓорѓиески, Радевски, Дарлишта, Наумчески, Бериша, Реџепи, Битиќи.

Во игра влегоа уште и Андреј Рајатоски, Марко Стојчески, Филип Стојановски и Марио Спасиќ.

Со овие денешени резултати, нашите пионерски екипи и дефинитвно ги загубија шансите за титулата во своите категории. На пионерите им останува уште борбата за купот, каде го брани трофејот од минатата сезона.