Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Екипите на Вардар и Металург одиграа со нерешен резултат, во дербито на регионалната-скопска лига, кај генер. “2002“

Екипите на Вардар и Металург одиграа со нерешен резултат, во дербито на регионалната-скопска лига, кај генер. “2002“

Денес на теренот на академијата се одигра натпревар во регионалната-скопска лига, кај генерацијата родени “2002“ година. Во него се сретнаа екипите на Вардар и Металург, кои одиграа со нерешен резултат 2:2.

Тренерот Петар Ѓорѓиевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Величковски, Костовски, Крстевски, Петејчук, Али, Салиу, Фазлиу, Гугуњанов, Блажевски, Игнатов, Речица.

Вардарци има за што да жалат бидејќи во првото полувреме имаа водство од 2:0. Црвено-црните го отворија резултатот на 1:0 со голот на Виктор Крстевски, додека во продолжение од натпреварот го зголемивме водството на 2:0 преку Харбин Речица. Ова беше резултат актуелен по завршување на првиот дел.

На стартот на второто полувреме, тренерот на Вардар, Петар Ѓорѓиески реши да направи неколку измени во нашиот ссотав. Сосема друга слика на теренот во овој дел од натпреварот. Вардар ја загуби играта од првиот дел и речиси да не создаде ниту една посериозна шанса, напротив екипата на Металург која успеа на два пати да ја затресе нашата мрежа и така да ги постави конечните 2:2. Слабо започна пролетниот дел од сезоната за Вардаровата генерација “2002„, која покрај овој нерешен резултат, има уште еден пораз и две победи. Со овој нерешен резултат ја загубивме битката за првото место, со екипата на Работнички.