Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Победа за крај на сезоната, деби на 15-годишниот Савичевиќ

Победа за крај на сезоната, деби на 15-годишниот Савичевиќ

Кошаркарите на Вардар со победа се простија од Првата кошаркарска лига. Вчера нашите кошаркари во ракмите на последното коло во плеј-аутот го пречекаа тимот на АВ Охрид. Овој натпревар нашиот тим го доби со резултат 86-78, со оваа победа „црвено-црните“ се простија од првата лига.

Овој натпревар немаше никакво резултатско значење, во текот на целиот натпревар Вардар беше подобар тим и заслужено се радуваше на победа, која беше само втората сезоната за вардарци кој заврши како последнопласирана екипа. Во редовите на Вардар вреди да се напомене дека деби настап имаше 15-годишниот Лука Савичевиќ, талентираниот кошаркар на Вардар ги одигра завршните две минути.

Во редовите на „црвено-црните“ Ибитајо Адекунле постигна 26 поени, Ивановиќ додаде 22. Кај гостите најисткнат играч беше Брукс кој постигна 21 поен, а имаше и 10 скокови.