ЖРК Вардар одржа пресконференција по повод мечот во ЕХФ Лигата на шампионите со Митјиланд. Девојките ги очекува реванш четврт-финалниот натпреварот од женската лига на шампионите. Прес-конференцијата се одржи денес,во прес – конференциската сала во СЦ „Јане Сандански”. На истата беа присутни тренерот на девојките Дибирова, Нацева, Пенезиќ и Лекиќ. Вардарки за овој клучен дуел за влез на завршниот турнир го изјавија следното:
Уште само два дена останаа до натпреварот. Имавме добра подготовка, сите играчи се во добра форма. Нас не чека тежок натпревар, затоа што Митјиланд е силна екипа и ќе дојдат желни за реванш. Ние ќе направиме се за да победиме и да покажеме добра игра пред нашите навивачи и да одиме на Ф4- вели Дибирова.
Екипата на Митјиланд ја гледам како еден од трите меча кои ќе ни останат во ЛШ, јас очекувам три победи до крајот на мај. Секако, имаме резултат кој мора да не држи претпазливи. Со максимална сериозна игра мора да ја потвториме играта од првото полувреме во Данска, па дури и подобро да одираме. Ова е последен домашен меч за нас во ЛШ, сакам да се заблагодарам на публиката која создаваше одлична атмосфера, на навивачката група “Комбат“ што даваше посебен елан на натпреварите. Се надевам дека в сабота во една празнична атмосфера ќе оствариме нова победа -изјави Нацева
Знаеме сите колкав е влогот и што ни носи овој натпревар. Треба добро да го отвориме мечот како во Данска. Како што кажа Дибирова, Митјиланд ќе сака реванш. Ќе дојдат максимално мотивирани, но ние пред нашата публика мора да победиме. Ја знаеме нашата цел, тоа е пласман на завршниот Ф-4- вели Пенезиќ.
Еден добар натпревар одигравме во гости, така мора да продолжиме. Првиот дел беше одличен, ако играме така тоа ќе биде добар пат до Ф-4. Не бевме сите здрави, но очекувам подобра игра на вториот натпревар и полна сала за поддршка- изјави на пресконференцијата Лекиќ