Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци денес против Охрид, СТРИМ од натпреварот

Вардарци денес против Охрид, СТРИМ од натпреварот

За РК Вардар нема одмор, денеска нашите играчи ќе одиграат уште еден натпревар во ракометната лига. Во рамките на 4. коло, Вардар ќе гостува во Охрид кај истоимената екипа. Вардар овој натпревар ќе го дочека како второпласирана екипа во лигата, со трите победи во низа, сега нашите ракометари имаат три победи и еден пораз.

Натпреварот против овој тим се игра со почеток во 18 часот во Охрид. Тимот на Охрид во моментов се наоѓа на третата позиција на табелата со скор од две победи и еден пораз, охриѓани загубија во Супер лигата од тимот на Металург. Очекуваме нова лесна победа на Вардар. Стрим од натпреварот можете да погледнете ТУКА.