Нашиот БК Вардар од (ФБСМ) Федерацијата за боречки спортови на Македонија бара да го пријави нашиот одличен борач Владимир Егоров за учество на Европското првенство „под 23 години“, што кон крајот на месецов ќе се одржи во Сомбaтељ,Унгарија. ФБСМ за ова првенство ги пријави неразбирливо само Елмедин Сејфулау (61 кг), Камбери (65 кг) и Бехар Мамути (70 кг), а го изостави најдобриот поединец и кандидат за медал на што нормално реагираат црвено-црните со писмо упатено до ФБСМ. Во соопштението на клубот се вели и следново:
Многу средства се инвестирани за развој и успеси на македонското борење, но погрешните дејствија на раководството на ФБСМ директно влијаат на резултатите, па затоа Егоров и неговиот матичен тренер треба да бидат акредитирани. Нашиот тим истакнува дека Егоров е најголемата надеж за освојување на медал од ЕП „под 23“, но намерно или не, е изоставен од пријавата за учество на првенството. Егоров на првенството во Прилеп стана доминантен победник во својата категорија до 57 кг, победувајќи ги тројцата свои соперници со технички туш, на изборното првенство „под 23“ и уверено го потврди правото за да учествува на ЕП во Унгарија.
„Веднаш потоа, поради неактивноста на ФБСМ, беше на двонеделни подготовки во Стокхолм, Шведска, и учествуваше на солидниот турнир „Меларкупен“, каде што оствари 4 победи и еден пораз (во финалето). На Изборниот шампионат за сениори во Радовиш, квалификациски за Европското првенство во Нови Сад, по трите технички туша до финалето, таму за 20 секунди го тушираше својот соперник, со што ја докажа својата доминантност, физичка и техничко-тактичка подготвеност. Егоров не само што е македонски шампион, туку поради непостоењето на систем на натпревари во Македонија, беше позајмен на германскиот клуб Вајнгартен, каде што во изминатата година беа вицешампиони на германската Бундеслига, а годинава станаа и шампиони на Првата Бундеслига (со Нуров и Зубаиров во тимот). Во континуитет и под ред ги спроведовме базичните подготовки и успешно учествуваме на три контролни турнири. Вардар ја опфати и спроведе целокупната програма на подготовки и учество на меѓународен турнир и изборните шампионати без никакви трошоци за ФБСМ,“