Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прес ЖРК Вардар- Дибирова: Ни треба само поддршка
Прес ЖРК Вардар- Дибирова: Ни треба само поддршка

Прес ЖРК Вардар- Дибирова: Ни треба само поддршка

Утре играме меч од женскиот сегмент на ЛШ со екипата на Турингер на домашен терен, во ова 6. коло  влегуваме како второпласиран на табелата во А групата со 13 бода, што е еден помалку од лидерот ФТЦ Будимпешта. На денешната прес конференција пред овој дуел новиот тренер Дибирова, Нацева, Алтхаус, Лејно и  помошник тренерот Ацо Станковски дадоа изјави, во нив се вели:

Имаме супер тим, со добри и квалитетни играчи. Сега не можеме нешто да менуваме зашто тоа ќе биде тешко и за сите наши играчи. Ни треба само поддршка. Имаме план за натпревар. Спремни сме и треба да покажеме добра игра”, вели Дибирова.

Ни доаѓа последен натпревар од главната фаза во оваа рунда. Соодветен противник да се вратиме од кризата која ја имаме. Соодветен натпревар и за тренерот да стартуваме со победа, како и да ја вратиме самодовербата и во спокој во наредните три недели да се подготвиме најдобро што знаеме. Пред натпреварот со Турингер, на тимот се приклучува новиот прв тренер Ирина Дибирова, еден извонреден спортист со импозантна биографија. Ретко во Македонија доаѓаа спортисти со таков бекраунд. Навистина ни е драго што ја имаме и што ќе ни се приклучи во тимот и ќе биде во можност да сподели од огромното искуство и успесите кои ги имала.
На досегашниот тренер Давид Девис можам да изразам благодарност во име на клубот за досегашниот ангажман во женскиот тим, и за она што го направи, една серијата на добри резултати во тимот со кои успеавме да бидеме првиот тим во ЛШ што обезбеди пласман во четврт-финалето. Му благодариме за неговиот професионален и коректен однос во тимот. По негово барање останува помошен тренер на Раул Гонзалес во машкиот тим”, рече Гордана Нацева, претседателка на Вардар.

Со нетрпение го чекаме натпреварот, анализиравме сѐ што се случи и мора да играме агресивно. Од првата до последната секудна, да се бориме до крај. Ние мора да ја завршиме нашата работа. Се надевам дека публиката ќе дојде да нѐ поддржи и мора да ја подигнеме главата, да се бориме и да ги земем тие два важни бода”, вели пикерот Ања Алтхаус.

„Мислам по тешкиот натпревар важно е дома да одиграш добро. Ќе се игра до крај, борбено. Полесно е тука да се игра зашто публиката ни дава дополнителна моќ. Ќе се бориме, ќе покажеме ново лице, и се надевам дека ќе победиме”, вели голманот Амандин Лејно.
Ни претстои натпреварот со Турингер, кој последните четири натпревари ги игра во добра форма. Не треба да се залажуваме дека ќе биде лесен натпревар зашто во групната фаза се пласирани на петтото од табелата. Имаат добра и цврста екипа. Игравме со нив пред еден месец, ја анализиравме нивната игра, имаат повеќе интернационални ракометарки, од кои главни игреачи им се чешката интернационалка Изумова, какои Мидевајзер. Тоа е екипа што игра до крај. Во сабота ќе излеземе на терен и ќе одговориме на нивната цврста игра со наше агресивно играње во одбрана, и ќе го оствариме тој очекуван посакуван резултат”, вели помошник тренерот
Ацо Станковски.