Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Се знае кој “царува на Кале, Вардар Јуниор го “приземји“ Металург 2
Се знае кој “царува на Кале, Вардар Јуниор го “приземји“ Металург 2

Се знае кој “царува на Кале, Вардар Јуниор го “приземји“ Металург 2

Попладнево во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра натпревар во најсилната супер лига, помеѓу екипите на Вардар Јуниор и Металург 2. Како победник излегоа црвено-црните кои славеа со резултат 33:25

Екипата од Автокоманда беше рамноправен противник само во првите дваесет минути. Металург го отвори резултатот со 0:1 и во продолжение од натпреварот во два наврати имаа предност од два гола разлика. Беше 2:4 и 3:5, но избраниците на Стојан Петрушевски вратија со два последователни голови и израмнија на 5:5. Гледавме еден брз и динамичен натпревар, каде се постигнуваа брзи голови. Гостинската екипа повторно успева да се одлепи резултатски, но сега и да стигне до највисоки три голови разлика (8:11). Вардарци сеуште се обидуваа да ја пронајдат вистинската игра, а како да ги разлути водството на Металург од најголеми четири голови предност (9:13). Од тие моменти гледаме сосема поинаков Вардар на теренот, кој набрзина успева да постигне четири последователни голови и да го израмни резултатот на 13:13. Само за кратко Металург го врати водството на 13:14, но финишот на првиот дел му припаѓа на нашиот состав, кој прави серија од 5:1 и на одмор заминува со водство од 18:15, што беше и највисоко за нив во првите 30 минути од мечот.

vardarfans-rk-vardar-junior

Одлично продолживме и во второто полувреме кога не му дозволивме на противникот цели осум минути да постигне гол, наспроти нас кои постигнуваме четири во серија од кои три беа дело на Мартин Поповски а еден на Кристијан Атанасовски за убедливи 22:15 за црвено-црните. Вреди да се напомене дека денес на голот го имавме одличниот Никола Кизиќ кој беше еден од најзаслужните за високиот триумф. Металург ја прекинува лошата серија и првиот гол во вториот дел го постигнува дури во 38 минута за да го намали резултатот. За момент тимот од Автокоманда успева да се врати во натпреварот, сврзувајќи три гола за да ја преполови негативата на 22:18.

vardarfans-pobeda

Ова беше знак за нашиот предводник, Петрушевски да повика минута одмор. После тајмаутот, погодува Трпчевски за предност од 23:18, а Кизиќ продолжува со успешните интервенции. Металург неможеше да ја врати играта што ги красеше во првите дваесет минути од натпреварот и правеа се повеќе грешки, очигледно и концентарцијата падна во овој дел од играта. Наспроти Вардар кој прдолжува со добра игра и во 49 минута имаше убедливо водство од 28:20 со голот на Георгиевски. За одбележување е и влегувањето во игра на најмладиот член на Јуниор, се работи за пикерот Кристијан Ангелковски кој постигнува гол од својата позиција за резултат 32:24. Последните минути беа рутина за Вардарци кои славеа убедливо со резултат 33:25.

Најефикасен во нашиот состав беше Мартин Поповски со 11 голови. По 5 голови постигнаа Стефан Трпчевски и Кукуловски Дејан. Никола Кизиќ собра 15 одбрани.

Вардар јуниор: Ивановски, Димов 1, Ангелковски 1, Димовски, Георгиевски 1, Димитровски, Кизиќ, Анастасовски 4, Ѓорѓески, Поповски 11, Трпчевски 5, Симиќ 3, Ристов 1, Манасков 1, Кукуловски 5, Ончев.