Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младиот состав на РК Вардар 2 по втор пат сезонава му зема “мерка“ на Струга, успешно започна пролетниот дел за Вардарци
Младиот состав на РК Вардар 2 по втор пат сезонава му зема “мерка“ на Струга, успешно започна пролетниот дел за Вардарци

Младиот состав на РК Вардар 2 по втор пат сезонава му зема “мерка“ на Струга, успешно започна пролетниот дел за Вардарци

Вечерва на Кале, екипата на РК Вардар 2 го стартуваше пролетниот дел во првата ракометна лига. Прв противник во овој дел од сезоната за црвено-црните беше екипата на Струга. Втот пат сезонава славевме во дуелите со Струга, овој пат со резултат 33:26.

Вардарци во текот на целото прво полувреме имаа предност и на крај заслужено ги освоија бодовите. Натпреварот со гол го отвори Алија Амзоски за водство од 1:0 а нашиот состав имаше и 3:1, за гостите од Струга за прв пат да го израмнат резултат, што беше и последно на овој натпревар (3:3). Младиот состав на Зоран Петковски повторно делуваше разигран и со два погодоци во серија на крилото Чакалиќ поведуваме со 8:4 во 10-тата минута од мечот. На средината на првото полувреме со нов гол на Стефан Чакалиќ стигнуваме до највисоки пет голови разлика (11:6). Во првите 15 минути на голот беше Јагош Бруновиќ, за до крајот на првиот дел да го замени Андреј Петковски.

vardarfans-klupa

До крајот на првото полувреме резултатот се движеше од 2-4 голови предност за екипата на Вардар, но неколкуте грешки и избразани напади им овоможија на Струга на одмор да заминат со само еден гол негатива, откако речиси во последната секунда беше досуден удар од седум метри за гостинот кој успеаа да го реализираат. На полувреме се замина со резултат 17:16 во корист на Вардар.

vardarfans-pobeda

Добро го отворивме второто полувреме кога со погодоците на Димитров и Мишевски зголемивме на 19:16. Струга не се откажуваше лесно и даваше достоен отпор на нашиот состав и по седум минути игра во вториот дел повторно намалуваат на еден гол разлика (21:20). Сепак Вардар беше тимот кој го диктираше темпото на игра и контролираше резултатот. Повторно сврзуваме два погодоци и поведуваме со 23:20, а во 46 минуа со голот на Стефан Крстевски ги враќаме најголеми пет гола предност (26:21). Во овие моменти на голот Брауновиќ нанижа неколку одбрани. На десет минути пред крајот за прв пат на натпреварот Вардар стигна до шест голови разлика и поведе со 28:22. До крајот умешно го одржуваме ова водство за на крајот да славиме и поубедливо со конечни 33:26.

vardarfans-rk-vardar-2

Стефан Крстевски беше најефикасен со 6 голови, додека 5 постигна Стефан Чакалиќ. Ова беше деветта победа за екипата на РК Вардар 2 во првата ракометна лига.

РК Вардар 2: Петковски, Дамчески, Чакалиќ 5, Крстевски 6, Мишевски 4, Трајковски 3, Димитров 4, Апостоловски 1, Лазов 1, Мицаноски 1, Ѓоршоски 1, Брауновиќ, Стошиќ, Амзоски 3, Атанасовски, Стојановски 4.