Девојките на ЖОК Вардар ЕМ во првата сезона како сениорски обезбедија 2.место во 2.лига кое донесе бараж за влез во елитната конкуренција. Црвено-црните дами за ривал го имаат тимот на ЖОК Пелистер од Битола.
Денес, сабота 14.мај се игра првата средба од бараж двомечот. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје, вардарки ќе бидат домаќини на истиот.
Натпреварот во спортскиот центар „Форца“ е закажан со почеток во 18 часот и 15.минути.