Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати групите и распоредот на натпревари на силниот меѓународен турнир “Вардар Куп 2022″
Познати групите и распоредот на натпревари на силниот меѓународен турнир “Вардар Куп 2022″

Познати групите и распоредот на натпревари на силниот меѓународен турнир “Вардар Куп 2022″

Во периодот од 9-12, јуни најтрофејниот македонски кулб, ФК Вардар, ќе организира силен меѓународен турнир за играчи до 14 години (генерација 2008). На “Вардар Куп 2022″ учество ќе земат реномирани екипи од Балканот, а веќе се познати групите, како и распоредот на одигрување натпревари на спортскиот комплекс во населбата Хиподром.

Вардар ќе биде во групата А заедно со екипите на Црвена Ѕвезда (Србија) и Зоетермер (Холандија), додека во групата Б ќе се натпреваруваат екипите на Партизан (Србија), Осијек (Хрватска) и Лудогорец (Бугарија).

1

Натпреварите ќе започнат на 10.јуни, а турнирот ќе го отвори токму Вардар со дуел против тимот од Холандија. Екипите кои ќе завршат на првото место во групите ќе играат во големото финале кое на програмата е на 12.јуни, додека за 3.место ќе играат екипите кои ќе се пласираат на второто место во групата А и Б.

Вака изгледа распоредот на натпревари на “Вардар Куп 2022″

2