Очекувано, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија.
Вардар го доби полуфиналето против екипата на Еурофарм Пелистер 2 (28:24), додека Еурофарм Пелистер беше подобар во дуелот со екипата на Бутел (25:21). Двете екипи ги оправдаа фаворитските улоги и заслужено си закажаа финале во Купот.
Големото финале ќе се одигра во недела во Кавадарци, со почеток од 19:30 часот, истото ќе го судат Славе Николов и Ѓорѓи Налевски.
Вардар е на добар пат да ја освои Шампионската титула во првенството, а во недела ќе се обиде да стигне до својот 15.трофеј во Купот.