Националната селекција до 14 години во машка конкуренција запиша уште една победа на меѓународниот турнир “Словенија Бал“ и денес ќе разигрува за петтото место.
- Победата над Украина, која ни донесе борба за петтото место, е всушност наша одмазда. Пред точно една година Украина ни нанесе пораз со 12 разлика, а оваа години славевме ние. Имаме 24 часа да се подготвиме за следниот натпревар, против Црна Гора. Доколку победиме и го освоиме петтото место тоа ќе биде наш најдобар резултат на Slovenia Ball. – Потенцира селекторот на оваа национална селекција, Благоја Кечовски.
Нашиот Мартин Оровчанец настапи и на дуелот вчера со Украина , тој одигра на паркетот 21.минута. Натпреварот против Црна Гора за петтото место е закажан за денес.
РЕЗУЛТАТИ
МАКЕДОНИЈА – Словенија 56-69
МАКЕДОНИЈА – Хрватска 82-55
МАКЕДОНИЈА – Русија 51-79
МАКЕДОНИЈА – Унгарија 54-66
МАКЕДОНИЈА – Украина 70-66