Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Последен слободен викенд, идниот кадетите и кадетките на РК Вардар го започнуваат првенството
Последен слободен викенд, идниот кадетите и кадетките на РК Вардар го започнуваат првенството

Последен слободен викенд, идниот кадетите и кадетките на РК Вардар го започнуваат првенството

Ова е последен слободен викенд во младинските ракометни лиги, веќе идниот викенд почнуваат натпреварите во женска и машка кадетска конкуренција. Вардар и во двете категории ќе биде домаќин во првото коло на својте ривали.

Кадетите на ракометниот клуб Вардар изминатата сезона предодени од Адријана Будимир на доминантен начин се “прошетаа“ до најсјаното одличје во пионерската лига. Тие во кадетската лига беа одлични во групата и се пласираа на завршниот Ф4. Помошник на Будимир оваа сезона ќе биде  Аце Станковски.  Првото коло е предвидено за на 1 или 2 септември. Ние ја почнуваме  со дуел против тимот на РК Алушовски како домаќини. Составот на оваа генерација погледнете го овде.

pionerki-660x330

Кадетките на женскиот клуб Вардар оваа сезона ќе се натпреваруваат во Групата-2 која содржи десет тима.  Сезоната ќе започне според распоредот на први/втори септемри со одигрување на првото коло. Есенската полуетапа ќе има девет кола и истата ќе го има последното коло на 27/28.10.2018 година, по што ќе следи зимската пауза. Ние отвараме оваа сезона против тимот на ЖРК Војнисон Вардар од Кичево  како домаќини. Составот на оваа генерација може да го најдете на нашиот сајт- овде!