Генерацијата на ракометниот клуб Вардар родени 2002/03 година во новата сезона ќе има голем предизвик и ќе се натпреварува во кадетската и младинската лига и во двете категории пред себе ќе имаат противнички екипи, составени од повозрасни играчи. Тренер на оваа надежна генерација е всушност творецот на екипата, Андријана Будимир, а таа од оваа сезона ќе има и помошник во името на Аце Станковски. Екипата веќе десеттина дена тренира во С.Ц.Јане Сандански каде ќе се подготвува за новата сезона. Минатата ја завршија како шампион во пионерската лига, а беа бронзени во кадетска конкуренција.
Ова е составот на генерацијата во натпреварувачката 2018/19 сезона:
Голмани: Давид Стојковски, Леонид Чорогунов, Ненад Ангеловски, Бране Трифуновски
Леви крила: Дамјан Димитријевски, Марио Мишевски, Антонио Пешевски, Дарјан Петков, Филип Атанасовски,
Десни крила: Симон Калајџиески, Марио Мишевски
Леви бекови: Бојан Чакалиќ, Давид Мирчевски, Андреј Пешевски, Никола Жерновски, Велимир Грујовски,
Пикери: Благој Димчевски, Дамјан Србиновски, Кристијан Ташевски
Средни бекови: Борис Павловски, Андреј Трајановски
Десни бекови: Давид Савревски, Горјан Трајчевски.