Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Александар Таневски: Потребни се одредени промени во “Јуниор„ лигата, ние како школа, РК Филип-Вардар секогаш сме подготвени за соработка
Александар Таневски: Потребни се одредени промени во “Јуниор„ лигата, ние како школа, РК Филип-Вардар секогаш сме подготвени за соработка

Александар Таневски: Потребни се одредени промени во “Јуниор„ лигата, ние како школа, РК Филип-Вардар секогаш сме подготвени за соработка

Со нетрпение се очекува новата сезона во ракометната “Јуниор„ лига, проект на Вардар кој има за цел да ги обедини сите школи во Македонија, во една лига во која ќе се натпреваруваат во различни возрасни генерации. Засега повеќе од 20 ракометни школи се дел од Академијата на Вардар и очекуваме тој број да биде зголемен и во новата натпреварувачка сезона. Дел од “Јуниор„ лигата повторно ќе биде школата РК Филип-Вардар од Прилеп, која е еден од најредовните учесници во овој проект кој го организира Вардар. Школата постои повеќе од 10 години, во која членуваат голем број на деца, кои сакаат во иднина да се занимаваат во ракомет. Александар Таневски е одговорниот за оваа школа, па нашиот медиум имаше можност да разговара со него, пред почетокот на новата сезона во “Јуниор„ лигата.

rk_filip_vardar

1. Колку сте задоволни од досега одиграните сезони во “Јуниор„ лигата, најпрво како ракометна школа, а потоа и од соработката, пристапот и комуникацијата со ракометниот клуб Вардар кој го организира овој голем проект ?

-Првите две сезони беа совршено замислени и одработени од страна на луѓето, кои се задолжени околу организацијата на “Јуниор„ лигата. Ние како школа и редовни учесници од истата носиме само позитивни импресии за почекот на таа приказна и сме сведоци на супер проектот. Имавме одлична стимулација и помош со реквизити, едукација, пристап до врвни тренери, кои не себично ни семинари и приватна комуникација делуваа едукативно врз нас тренерите и средбите на децата со сите големи ѕвезди, кои беа дел од машкиот и женскиот тим на РК Вардар, но за жал мора да напоменам дека тоа не беше случај и иминативе две години.

2. Дали “Јуниор„ лигата ви донесе некакви придобивки и од кој аспект ?

-Придобивката од настапот во “Јуниор лигата„ беше солидна, велам солидна затоа што секогаш може многу подобро. Кога мислиме на бројките тоа е релативно од причина што како ќе се постават работите, таков исход треба да очекуваме, конкретно бројките покажуваат негативен тренд на опаѓање, што е доволен сигнал дека нешто треба да се промени во постоечкиот пристап кон школите, кои се дел од Академијата на Вардар и се натпреваруваат во “Јуниор„ лигата.

11a1

3. Што се освои РК Филип Вардар во изминатите сезони на лигата, како и на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов„ ?

-Првите 2-3 години на неколу пати со некои од нашите генерации ја освојувавме “Јуниор лигата, исто така и зимскиот турнир кој го организира Вардар, на кој сме успевале да излеземе како конечни победници во машка и женска конкуренција.

4. Како реагираа децата на “Јуниор„ лигата, дали има позитивно влијание врз нив натпреварите од лигата ?

-Децата реагираат секогаш позитивно кога ќе им поставиме натпреварувачки предизвик, самиот тренинг не треба да биде монотон, туку секогаш воведуваме новитети во тренажниот систем и секогаш кога е така бараат повеќе присуство во сала. Во однос на натреварите кај децата постои не само натпреварувачки, туку и победничка мотивација, во што “Јуниор„ лигата до некое ниво за почетници го овозможува тоа. 

01-10694

5. Дали се потребни промени во “Јуниор„ лигата и што е тоа според вас кое недостасува ?

-За да бидеме дел од лигата потребно е да се направат измени, пред се во бројот на натпревари, пристапот кон школите драстично да се преиспита и ред други работи кои можат да се поправат, за на крајот да донесеме заедничка одлука дали и зошто би учествувале во “Јуниор„ лигата. Некои гореспоменати ситуации мора да се променат, ако сакаме да опстои “Јуниор„ лигата, во спротивно моменталниот тренд на незаинтересираност ќе продолжи, а што понатаму навистина незнам.

6. Кои се играчи од вашата школа биле селектирани од стручните лица во Вардар и добиле шанса да бидат дел од младинските екипи на Вардар, токму преку проектот “Јуниор лига„ ?

-Во новата сезона дел од вториот тим на Вардар се и двајца ракометари кои потекнуваат од нашата школа, се работи за Христи Биковски и Христијан Милошевски, со кои сме во редовна комуникација. Претходно дел од младинските екипи на Вардар биле Христијан Стојчески, Брајан Петковски, Алек Чупетрески и Андреј Талевски. 

shampion-filip-i-delchevo-osvoija-najmnogu-medali-na-zimskiot-turnir-eden-zhivot-edna-ljubov-10522

7. Дали РК Фили-Вардар е подготвен за соработка и во новата сезона на “Јуниор„ лигата ?

-Ние секогаш како школа, РК Филип-Вардар сме подготвени да пријавиме 2-3 екипи за учество во лигата и за соработка, но тоа веќе сега е условно со оглед како ќе се одвиваат работите во организациска смисла. 

Звонко Ивановски