По добрата претстава против ПСЖ, денеска црвено – црните одиграа лош натпревар и заслужено беа поразени со резултат 8:13 (22:32) од тимот на Брест Мешков на меѓународниот турнир во Стразбур.
Уште од самиот старт нашиот тим имаше негатива, во 15. минута од натпреварот тимот на Брест Мешков имаше предност од два плус, 6-4. Слабата реализација во нападот продолжи и понатаму, веќе во 20. минута Вардарци имаа и негатива од четири гола 6-10. На полувреме се замина со високи плус пет за противникот 13-8. Во првиот дел Чупиќ беше најрасположен на теренот кај Вардарци со три гола, два постигна Мораеш, а по еден Дибиров и Војводиќ. Милосављев имаше 5 успешни одбрани.
Вториот дел започна со серија од 4-0 на противничкиот тим и тука веќе се увиде дека нашите играчи ќе имаат големи потешкотии да се вратат во натпреварот. Иако во вториот дел се играше подобро во нападот, сепак, изостана добрата одбрана, па така на крајот Мешков изброја до 32 постигнати погодоци во мрежата на нашите голмани за сигурна и висока победа.
Поради повреди денеска отсуствуваа Игор Карачиќ, Вуко Борозан и Стојанче Стоилов. Во дуел за петтото место, Вардарци ќе играат против Нант и Лазаров.