Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Во 1.коло КК Вардар е домаќин на Еуро Никел
Во 1.коло КК Вардар е домаќин на Еуро Никел

Во 1.коло КК Вардар е домаќин на Еуро Никел

Вчера  во просториите на Кошаркарската федерација на Република  Македонија беше одржан ждреб за натпреварувачките броеви на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Првата лига во машка сениорска конкуренција за сезоната 2019/2020.

По откажувањето на кошаркарскиот клуб АВ Охрид, во ПЛМ за претстојната сезона ќе се натпреваруваат десет екипи. По комплетирање на регуларниот дел од сезоната шест екипи ќе напреднат во Супер лигата, останатите четири ќе се надигруваат во Плејаут лигата. Вардар оваа сезона ја започнува како домаќин, ние ја пречекуваме екипата на Еуро Никел 2005. Дуелот кој ќе се игра во малата сала „Кале“ е закажан за на 12.10.2019.

Двојки прво коло ПЛМ 2019/2020
Вардар – Еуро Никел 2005
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром АД
МЗТ Скопје Аеродром – Работнички
Гостивар – Академија ФМП
Куманово 2009 – Пелистер