И претстојниов викенд нема да гледаме натпревари во младинските фудбалски категории, освен што активни ќе бидат генерациите 2005 и 2006 кои утре го играат дербито од 4.коло против екипата на Работнички.
Порази настапи на младите селекции до 17 и 19 години, и овој викенд ќе биде одложено 5.коло во младинските лиги. Репрезентацијата до 17 години се наоѓа на квалификациски турнир во Полска, каде вчера го одигра првиот дуел токму против домашната селекција од која беше поразена со резултат 2:3. Следниот меч го играме на 12.октомври против Белгија, додека калификацискиот турнир го затвараме на 15.октомври со дуел против репрезентацијата на Лихтештајн. Во составот на оваа селекција е наоѓаат и тројца играчи на Вардар, се работи за Стојковски, Ѓоргоски и Стојчевски.
Контролни натпревари ќе одигра репрезентацијата до 19 години, која на стадионот во Струмица ќе ја пречека соодветната селекција на Кипар. Мечевите ќе бидат одиграни на 12 и 14.октомври а во составот на Горан Станиќ се најдоа вардарците, Китановски, Андов и Ѓурковски.
Петтото коло против Работнички најверојатно ќе се одигра во среда, кога кадетите и младинците се домаќини, додека пионерските екипи гостуваат на градскиот ривал, иако под знак прашалник е дали тренерот Стефановски ќе ги има на располагање тројцата играчи кои се дел од селекцијата, кои како што напоменавме последниот натпревар во Полска ќе го одиграат на 15.октомври.