Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар повторно има можност да сврзе четири победи во ЛШ, нешто што му успевало и претходните сезони
Вардар повторно има можност да сврзе четири победи во ЛШ, нешто што му успевало и претходните сезони

Вардар повторно има можност да сврзе четири победи во ЛШ, нешто што му успевало и претходните сезони

Актуелниот Шампион на Европа има повторно добар старт на сезоната во ЛШ. Црвено-црните ги добија првите три натпревари во најсилната група Б, откако ги совладаа екипите на Монпелје, Порто и Мотор Запорожје.

Во сабота го играме 4.коло и дербито против екипата на Кил. Дали Вардар може да го повтори добриот старт како во три претходни сезони останува да видиме во сабота, некаде после 19:00 кога и ќе биде завршен натпреварот кој ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански.

Стартни четири победи во групата, Вардар имал и во сезоните 2015-16, 2016/17 и 2018/19 кога успеал да сврзе четири триумфи по ред на стартот од сезоната, а никогаш не сме направиле серија од пет победи, ико сме имале таква можност.

Добриот старт секогаш ни носел позитивен исход на крајот од групната фаза, а така може да биде и оваа сезона. Со евентуална победа против Кил, тимот на Вардар би се одлепил од останатите конкуренти за првото место, кое носи директен пласман во четвртфиналето, нешто што ни успеа и во 2017 година кога потоа стигнавме и до првата историска титула.

Ако Вардар го добие саботниот дуел, во следното коло го очекува уште еден тежок натпревар, гостувањето кај добро познатиот противник, тимот на Веспрем, кој исто така е претедент за највисок пласман во групата.

Вардар и оваа сезона ќе оди чекор по чекор, нашите навивачи повторно ќе бидат најголемата поддршка за тимот, кои сигурно дека ќе му приредат вистински пекол на Кил во сабота. Напоменавме, важен меч за Вардар, пред гостувањето кај екипата на Веспрем.

Дуелот со Кил се игра во сабота, со почеток од 17:30 часот, а салата ќе биде целосно распродадена, со оглед дека од клубот пуштија и дополнителни билети за стоење.