КК Вардар се засили со висок кошаркар на центарската позиција. 24-годишниот Михајло Арсоски во таборот на Вардар доаѓа од екипата на Пелистер, каде настапуваше минатата сезона.
Арсоски настапуваше во МЗТ Скопје, па се пресели АВ Охрид, а настапуваше и за Струмица. Дете е на тимот од градски парк. Минатата сезона во „зелено-белиот“ дрес Арсоски одигра 23 натпревари и оствари просек од 7,1 поени, 5,3 скока и 1,7 асистенции по натпревар.
Добредојде во КК Вардар за Михајло Арсоски!