Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Филип Ѓоргоски постигна гол за Македонија, но У17 селекцијата загуби од домаќинот Полска
Филип Ѓоргоски постигна гол за Македонија, но У17 селекцијата загуби од домаќинот Полска

Филип Ѓоргоски постигна гол за Македонија, но У17 селекцијата загуби од домаќинот Полска

Македонската фудбалска репрезентација со пораз ги започна квалификациите за пласман во елитната фаза, откако денес беше поразена во првиот дуел од домашната селекција на Полска, која славеше после резултатски пресврт.

Македонија прва успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1, со гол на вардаровиот стопер, се работи за Филип Ѓоргоски, кој успеа во 19 минута да го матира противничкиот голман, за голема радост на Македонија. По само десет минути игра, успеа селекцијата на Полска да го израмни резултатот на 1:1, кој беше актуелен на полувреме.

Сепак во вторите 45 минути, Полска постигна нови два гола и го зголеми водството на 3:1, а во последните пет минути од натпреварот, Македонија успеа да намали на 3:2, но не и да се избори за бод од овој меч.

Во следниов период не очекуваат натпревари, со селекциите на Лихтештајн и Белгија.