Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Дузина вардарци дел од историскиот успех во Сараево, во селекцијата М16 од Вардар имавме четири играчи и тројца во стручниот штаб
Дузина вардарци дел од историскиот успех во Сараево,   во селекцијата М16 од Вардар имавме четири играчи и тројца во стручниот штаб

Дузина вардарци дел од историскиот успех во Сараево, во селекцијата М16 од Вардар имавме четири играчи и тројца во стручниот штаб

Македонските кошаркарите до 16 години, на чело со селекторот Јованчев по 12 години донесоа успех за македонската кошарка и одведоа една наша младинска селекција во А-дивизијата. Тие ја освоија “бронзата“ на ЕП во Сараво и од дивизијата-Б успеаа да го пласираат црвено-жолтитот тим во друштвото на најуспешните, дивизијата-А. Голем дел од овој тим потекнува од најдобрата кошаркарска младинска школа на КК Вардар, станува збор за:

Јованчев Александар

Јованчев Александар

Селекторoт на оваа селекција, вардаровиот тренер Јованчев Александар, ментор и кординатор беше Бране Андриевски, тренер во селекцијата е и Асаданов Александар. Четири играчи земаа учество во оваа селекција: Марко Величковски, Груевски Никола, Лука Савичевиќ и Богдан Мирковски.

kk2

Директорот на КК Вардар, воедно координатор на младинските репрезентации и ментор на У16 , Бранко Андриевски – Неверојатно е чувството, две ипол години работевме и се подготвувавме за овој момент. Можеби звучеше невозможно, но ете се случи во Сараево да влеземе во А Дивизија. Честитки до сите играчи, вистински изгинаа, одиграа над своите можности, но тоа беше еден неверојатен спој на карактери полни со дисциплина и послушност што беше пресудно да функционираат како едно и да стигнат до овој успех. Ние како стручен штаб со макотрпна работа цели 30 месеци, многу енергија и време вложени во овој проект сме горди што оставаме ваков печат во македонската кошарка. За ова се игра кошарка, за ова се радува!