Викендов на програмата повторно се возбудувањата во втората кошаркарска лига и повторно нашиот црвено-црн кошаркарски колектив е дел од дербито на колото. Вардарци ова коло гостуваат кај екипата на битолски КК Пелистер. Овој меч е дуел од 16-то коло во втората по квалитет кошаркарска конкуренција во Македонија.
Мечот е закажан да се игра во сабота на 26-ти Март, во салата “Младост“ во Битола. Вардар повторно е дел од дерби меч од како минатото коло дома го пречека лидерот на табелата тимот на КК АВ Охрид кој дојде на скопскиот паркет како екипа која незнае за пораз оваа сезона во лигата. Сепак вардаровите кошаркари се надминаа себеси и по 14 кола без пораз во 15 коло првпат успеаа да му нанесат пораз на лидерот, Охрид беше победен со резулат 75-62, Вардарци се второпласирани со две победи пред КК Гостивар 2015 и со победа во градот под Пелистер ќе влезат со одлична предност од два бода во последните две коло и само прашање на техника е нивното успешно задржување за освојување на толку посакуваното второ место оваа прва сезона во втората лига во која влеговме од како лани успешно минавме низ третата кошаркарска лига. Во првиот дуел во спортско рекреативниот центар “Кале“ ние зелено-белите ги добивме со 86-57, ние оваа пролетна сезона досега не знаеме за пораз имаме шест победи од шест меча што не прави најуспешна екипа во цела лига во пролетниот дел од истата. Докрај после овој меч не чекаат уште две дерби средби гостуваме во Гостивар кај дирекниот конкурент за втората позиција и дома го чекаме градскиот тивал КК Водњански Лисици.