Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар со предност од 1:0 ќе патуваат на реваншот во Куманово
Кадетите на ФК Вардар со предност од 1:0 ќе патуваат на реваншот во Куманово

Кадетите на ФК Вардар со предност од 1:0 ќе патуваат на реваншот во Куманово

Денес на теренот во населбата Марино се одигра првиот полуфинален натпревар во рамките на купот, помеѓу кадетите на Вардар и Милано. Црвено-црните со предност од 1:0 ќе патуваат на реванш мечот во Куманово. Стрелец на единствениот погодок беше капитенот Дејан Маркоски.

Резултатот од 1:0 беше активен и по првото полувреме. На дождливиот терен во Марино немаше многу услови за допадлив фудбал. Црвено-црните имаа поголем посед на топка, создадоа уште неколку полу- прилики за гол, кои не завршија во мрежата на противникот. Милано речиси и да не се закани посериозно кон голот на Малик Зибери. Овој резултат без примен погодок може на крај да се покаже како доволен за пласман во големото финале од купот на Македонија.

Вардарци на овој меч настапија во следниов состав: Зибери, Јорданоски, Серафимов, Џуклевски, Петревски, Скендерски, Насковски, Абдул Скор, Дишлиевски, Трајчевски, Маркоски.