Стигна потврда и од ФК Вардар на напишаното на Вардар фанс. Во сабота и дефинитивно ФК Вардар ќе замине за Бугарија, и ќе ја искористи оваа пауза поради репрезентативните обврси, и ќе одигра натпревар против ОФК Пирин од Благоевград.
Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток во 14 часот на теренот на ОФК Пирин („Христо Ботев“ ). Пирин во бугарскиот шампионат досега се наоѓа на 8 место на табелата. Вардар на овој дуел ќе настапи без играчите кои добија повик од репрезентациите на своите земји.