Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Седум погодоци во младинското дерби на купот, Вардар подобар од Работнички
Седум погодоци во младинското дерби на купот, Вардар подобар од Работнички

Седум погодоци во младинското дерби на купот, Вардар подобар од Работнички

Голеада на теренот во населбата Марино во рамките на првиот полуфинален натпревар. Екипите на Вардар и Работнички одиграа со резултат 4:3 во корист на црвено-црните.

Многу интересен прв полуфинален меч помеѓу овие две екипи. Со многу пресврти во резултатот, на крајот Вардарци успеаа да забележат триумф. Црвено-црните први поведоа со погодокот на Ердон Даци. До крајот на првото полувреме противникот успева да го израмни резултатот на 1:1, што беше конечен по првиот дел.

Во второто полувреме следеше комплетен резултатски пресврт, Работнички успеаа да постигне нов погодок и да дојде во водство од 1:2. Избраниците на Љупчо Марковски не се предадоа, напротив негативата им даде дополнителен мотив за играње. Таквата офанзивна игра вроди со плод. откако најпрво Есмин Личина го израмни резултатот на 2:2, а по неколку минути Ердон Даци да донесе ново водство од 3:2 за Вардарци. Сепак тука не беше крајот на постигнување погодоци. Работнички повторно успеа да се врати во игра и да го израмни резултатот на 3:3. До крајот на мечот видовме уште еден погодок и тоа во мрежата на противникот. Победничкиот гол за предност од 4:3 беше дело на Кристијан Апостоловски.  Така Вардар со предност ќе патува на реваншот кој ќе се одигра на теренот на Алумина. Натпревар за уживање, на кој двете екипи приредија одлична фудбалска претстава.

Вардар настапи во следниов состав: Трајчевски, Ричков, Јошевски, Исмаил, Личина, Димков, Додевски, Димитровски, Даци, Тасевски и Апостоловски.