Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор во последниот гостински дуел сезонава гостува кај РК Работнички
Вардар јуниор во последниот гостински дуел сезонава гостува кај РК Работнички

Вардар јуниор во последниот гостински дуел сезонава гостува кај РК Работнички

Избраниците на Пепи Манасков младите вардарци од екипата на Вардар јуниор во последниот гостински дуел за нив сезонава во најквалитената ракометна конкуренција во земјава ќе гостуваат  кај скопскиот ривал екипата на РК Работнички. Ова е последен гостиснки дуел за нас бидејќи на две кола до крајот немаме повеќе ни теоретски шанси за пласман во плеј-оф сегментот во кој покрај најдобрите четири екипи во Супер лигата ќе се придужат и РК Макс Струмица и нашиот прв тим РК Вардар.

Работнички кој веќе обезбеди сигурно место во плеј-офот заедно со Металург, Прилеп и Охрид ќе не пречека во сабота на 26 март во салата “Форца“ во Скопје која има капацитет од 500 седишта. За двата тим овој меч има ревијално значење бидејќи бодовите од истиот нема да сменат ништо во однос на претстојниот плеј-оф. Вардар јуниор ја играа својата прва сезона како дел од Супер лигата, во истата  ние во минатото коло бевме поуспешни од РК Металург-2 во гости и по овој дуел останува уште последниот дуел во сезоната дома во сала “Кале“ со екипата на Охрид. Амбициите за првата сезона во најсилната македонска ракометна лига за Јуниор беа како што наговестуваа од стручниот штаб пласман во четирите најдобри до што недојде, но како и да е овие млади црвено-црни ракометари стекнаа огромно искуство натпреварувајќи се во Супер лигата. Имаа зад себе и доста добри мечеви одлични победи, една од нив беше домашната токму со РК Работнички кога гостите беа благ фаворит, а ние однесовме победа со минимален резулат 26-25.