Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Влаќевски: Очекувам на мечот со Хераклеа да доминираме, квалитетот е на наша страна
КУГЛАЊЕ! Влаќевски: Очекувам на мечот со Хераклеа да доминираме, квалитетот е на наша страна
ДУОТО БР.1 НА ВАРДАР ВЛАЌЕВСКИ(лево)-ДИМИТРОВСКИ(десно)

КУГЛАЊЕ! Влаќевски: Очекувам на мечот со Хераклеа да доминираме, квалитетот е на наша страна

Зад нас е прв меч со Хераклеа од полуфиналниот  двомеч во купот кој ќе го даде патникот во финалето , вториот дуел ќе го играме оваа сабота во Скопје на нашиот домашен терен во кугларницата при Спортскиот центар “Борис Трајковски“. Во првиот гостински дуел во  градот под Пелистер си ја оправдавме фаворитската улога и издвојувавме победа, на овој дуел кој за познавачите на куглањето е познат како тешко гостување црвено-црните остварија победа со 3-5, или резулатот беше 2921-2961 во “соборени дрва“. Најдобар скор кај црвено-црните како и секогаш имаше фантастичното вардарово дуо “Влаќевски-Димитровски“. Токму со еден од нив Бојан Влаќевски или како што ние милуваме да го наречеме заради префинетиот стил на играње, одличните вонсериски постигнување и лидерството заедно со Димитар Димитровски нашиот “Кугларски Моцарт“ за овој дуел вели:

Мечот од Купот на Македонија во куглање   кој го одигравме во Битола беше навистина доста тежок за нас, таму имаше доста тешки услови за игра, но сепак нашиот квалитет исплива на површина на овој полуфинален куп меч. Од својот настап на мечот со битолчани не сум целосно задоволен, но сепак тоа е во втор план во однос на успехот кој го оствари мојот тим на овој натпревар.

Веќе оваа сабота сме домаќини на реванш дуелот со битолска Хераклеа. Од овој одличен куглар, кој е вардарово богатство добивме мислење за овој престоен дуел, но и за веќе поизвесното Куп финале кое се назира со Макпетрол. Вистинско дерби ќе биде финалето помеѓу нас како бранители на Куп трофејот и актуелниот Шампион од првенството во Македонската кугларска лига:

Очекувам со Хераклеа меч дома со многу доминација и наша победа од 8-0 или евентуално 7-1, ова не е никакво потценување на противникот туку само реално гледање на моменталниот квалитет на двата кугларски состави. Очекувам финалето да биде најинтересен дуел во куглањето оваа сезона и ако јас поскаував нешто сосема друго. Сакав да се сретнеме со Макпетрол во полуфиналето се со цел да одигравме два квалитетни меча наместо еден како што е финалниот дуел. Со нив како и досега ќе дадеме максимум на теренот и може да порачам нека победи подобриот тим – изјави Бојан Влаќевски за Вардар фанс.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ