Вчера во рамки на дуел од Супер кошаркарската лига за момци до 14години екипата на КК Вардар го пречека тимот на МВП Струмица. На дуелот кој се одигра во малата сала при спортскиот центар “Кале“ црвено-црните дојдоа до триумф.
Ние домининиравме во текот на целиот дуел, успеавме да победиме со двоцифрена предност односно со 13.поена позитива на оваа средба од лигата М14. Вардаровите надежи ги совладаа ривалите од Струмица со резултат 69-56 на оваа средба.