Илија Абутовиќ седум години беше дел од Вардар, седум години беше столбот и „срцето“ на одбраната на црвено-црните. Успеа да освои се што можеше со Вардар, а круната на неговата кариера ја достигна во 2017 година кога со Вардар успеа да ја покори Европа. Абутовиќ од оваа сезона се реши за нов предизвик во неговата кариера, по долг претстој во Скопје се реши да ја промени средината и да се испроба во бундеслигата. Во интервју за специјализираниот ракометен портал „Балкан Хандбал“ Илија меѓу другото зборуваше и за годините поминати во Вардар.
Не можам да го опишам тоа чуство. Седум феноменални години, кои не можат да се опишат. Ги засакав луѓето, градот, кога ќе влезеш во салата се чуствувам како да сум дома.
Абутовиќ се потсети на годината кога успеаа да ја освојат Лигата на Шампионите, вели никој не веруваше во такво чудо.
Речиси и никој да не веруваше дека можеме да направиме такви резултати. Во Вардар имаше здрава, добра група на луѓе, атмосферата беше одлична, стручниот штаб професионален, навистина немам лош збор за тие седум години. Во првите две кога претседател беше Михајло Михајловски беше добро, но со Сергеј клубот се издигна на високо ниво“
Абутовиќ се врати во Скопје, каде гостуваше со Рајн-Некар. Навивачите му приредија незаборавен пречек, неговото име го скандираше целата арена.
Изгледа дека го заслужив тој пречек, не знам што да кажам…Уште еднаш сакам да им се заблагодарам за пречекот. Се изненадив, не верував дека така ќе реагираат луѓето. Големо благодарам за сите.
Сигурно дека Раул Гонзалез е човекот од кој многу научи и дека со него стана подобар играч. Абутовиќ не трошеше комплименти за својот поранешен стратег.
Научив многу од него. Кај Гонзалез се се игра на „мозок“, напад, одбрана, буквално се. Многу може да се научи од шпанската школа. Се работи за страшен тренер, многу се труди, работи и разговара со играчите, го пренесува своето знаење, посветен е на ракометот цели 24 часа. Такви се шпанците, познаваат и некој лев бек кој игра во третата германска лига. Затоа и имаат големи резултати и владеат со светскиот ракомет.
Победничкиот менталитет беше главна одлика на тој Вардар, кој успеа да стане шампион на Европа, победа против секого беше синоним за момците.
Тоа со години се создаваше. Одевме на победа, било каде и било против кој. Дали е тоа Барселона, ПСЖ, не е битно, сакаш да ги освоиш бодовите. Играчите беа на високо ниво.
Абутовиќ направи и споредба на работата во Македонија и Германија, сосема две различни работи.
Тешко е да се спореди. Суштината е тука што немаш време да се подготвуваш, додека во Вардар, тоа го правевме од понеделник до сабота и имаше време да се подготвиш, да ги скоцкаш сите работи, се обрнуваше внимание на секој детал. Во германија добра работа е што немаш време ниту за радост, ниту за тага, бидејќи за два дена те очекува нов натпревар.
Абутовиќ го прокоментира и можното четвртфинале во ЛШ, помеѓу Вардар и Пик Сегед.
Ќе биде интересно да се погледне тој двомеч. Никој не очекуваше од Вардар вака добро да игра, тие се пријатно изненадување. Ни самиот не очекував дека ќе играат вака добро. Многу добра работа врши Парондо. Играат на високо ниво и Кристопанс и Карачиќ и Скубе. Без Борозан се неколку месеци, а одржуваат високо ниво.