Oд 27.ми месецов се до 5.август во Скопје се одржува кошаркарското Европско првенство за јуниори (дивизија Б). Македонија веќе одигра три кола во групата “Ц“, по кој има два пораза и една победа. Почнавме триумфално со Исланд, потоа бевме поразени од Холандија и изненадувачки од Луксембург. Ни преостануваат натпреварите со Израел и Чешка до крајот на групната фаза.
Во оваа генерација играат три играчи од кошаркарскиот клуб Вардар, наистакнат на од нив е Валмир Какруки. Тој сите три меча ги почна како стартер. Одигра одлично и постигна вкупно 35.поена. Со овој скор е прв стрелец на црвено-жолтитот тим досега на шампионатот. Валмир во просек има 11,70 поени по одигран дуел.
Македонија дуелот од 4.коло на шампионатот со Израел ќе го одигра денес во салата “Кале“, истиот е закажан со почеток во 18-45 часот.