Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ и Киелце означија старт на подготовките за новата сезона
Циндриќ и Киелце означија старт на подготовките за новата сезона

Циндриќ и Киелце означија старт на подготовките за новата сезона

Уште една од екипите која е дел од најсилната група А во Лигата на Шампионите, стартуваше со подготовки за новата натпреварувачка сезона. Иако се уште финансиски нестабилен, шампионот на Полска ги “запали“ моторите за новата сезона.

vardarfans-cindric

Поранешниот шампион на Европа, тимот на Киелце, во пресрет на новата сезона го засилија Лука Циндриќ (Вардар), Владимир Цупара ( Адемар Леон), Ангел Фернандез ( Ла Риоха), Уладзислау Кулеш ( СКА Минск), и Артсем Каралек ( Сент-Рафаел). Заминаа Мануел Штрлек ( Веспрем), Деан Бомбач ( Пик Сегед), Дарко Џукиќ ( Брест Мешков) и Матеус Кус ( Мотор Запорожје). Својата играчка кариера ја завршија Карол Биелецки и Славомир Шмал, додека Урош Зорман ќе биде прв помошник на Талант Душебаев.

Вардар и Киеле ќе се сретнат во рамките на 5. и 10. коло во најсилната група А, кога најпрво црвено-црните ќе гостуваат во Полска, а подоцна и ќе бидат домаќини на полскиот шампион.