Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Никола Кизиќ е нов голман на Струга, екипа која во новата сезона ќе биде дел од супер лигата
Никола Кизиќ е нов голман на Струга, екипа која во новата сезона ќе биде дел од супер лигата

Никола Кизиќ е нов голман на Струга, екипа која во новата сезона ќе биде дел од супер лигата

Довчерашниот голман на Вардар Јуниор, Никола Кизиќ во новата сезона ќе настапува за новиот суперлигаш, екипата на Струга.

Тимот на Струга има високи амбиции во новата сезона, а за истите да ги оствари на голот го донесе еден од повозрасните од браќата Кизиќ. Никола помина осум години во Вардар и ги помина сите младински категории на клубот, една сезона беше дел од Вардар 2 натпреварувајќи се во првата македонска лига, во која беа вицешампиони, додека две сезони го бранеше голот на Вардар Јуниор, во рамките на супер лигата. Исто така има забележано настапи и за првиот тим на Вардар.

Предводник од клупата на Струга ќе биде добро познатото лице, Доне Бошковски. Нови засилувања на екипата се Ненад Костески, грузиецот, Лексо Цицијашвили и десниот бек, Стефан Трпчевски, кој исто така дојде од Вардар Јуниор и беше најдобар стрелец на црвено-црните, за изминатата сезона.