Вардар досега доби четири официјални засилувања, тие тренираат со екипата, напорно се подготвуваат за новата сезона и веќе познати се броевите на нивните дресови. Интересно, Горбок и Милосављев ќе ни кажат како си ги добиле своите броеви.
-Јас овој број го имав и кога играв претходно за Вардар. Приказната е многу едноставна. Имам три деца, и плус јас и жена ми, а тоа го дава бројот 32, истакна Горбок.
Бројот на дрес на новиот голман, е поврзан со почетокот на неговата репрезентативна кариера.
-Бројката што ја сакав веќе се користеше па морав да изберат некоја друга. Бројот 96 е повран со мојот прв настап во репрезентацијата на Србија. Таму го носев тој број. Така и сега продолжувам со тој број, рече Милосављев.
Димитри Киселев мораше да бира нов број, со оглед дека бројот 5 е задолжен на капитенот Стојанче Стоилов, па рускиот десен бек ќе му припадне бројот 50 на дресот, додека Стас Скубе ќе го носи црвено-црниот дрес, со број 20, со истиот број настапуваше и во тимот на Пик Сегед.