Вардар е втор најдобриот македонски клуб согласно најновата УЕФА клупска ранг листа објавена деновиве. Шкендија по подолго време успеаја да го мине Вардар кој значително го расипа својот ранкинг коефициент по двата неуспеси со аутсајдерот Пјуник во 1.квалификациско коло од Лигата на Европа.
ФК Вардар сега има со коефициент 5.000 со кој падна на 180. место на ова рангирање. Лани во голема мера по успешната сезона во фудбалска Европа, но и освоената титула го подобривме коефициентот. Сепак оваа сезона и на двете полиња кои влијаат на ранкингот немавме успех. Во ранкингот на земјите, а според ефектот на клубовите во европските клупски натпреварувања, Македонија е на 34. место со коефициент 7.878 од вкупно 55 земји членки на УЕФА.