Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Веспрем кој е еден од противниците на Вардар во групата, стартуваше со подготовките за новата сезона
Веспрем кој е еден од противниците на Вардар во групата, стартуваше со подготовките за новата сезона

Веспрем кој е еден од противниците на Вардар во групата, стартуваше со подготовките за новата сезона

Екипата на Веспрем, која е една од противниците на Вардар во најсилната група А од Лигата на Шампионите, започна со подготовки за новата натреварувачка сезона. Тимот кој е предводен од Љубомир Врањеш и во новата сезона ќе биде еден од најголемите претеденти да ја освои шампионската титула, која би била прва во истгоријата на клубот.

3

Веспрем продолжи со засилувања и летото откако ги донесе  Арпад Штербик, како најзвучно име, потоа и Мануел Штрлек, Рене Тофт Хансен, Кентин Мае и Борут Машковчек. Од тимот заминаа Мирко Алиловиќ, Тимушин Шуч, Ренато Сулиќ и Кристијан Угалде.

Во рамките на 3. коло, Вардар ќе гостува во Унгарија, додека во 12. коло, црвено-црните ќе бидат домаќини на Веспрем.