Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Каков беше придонесот на вардаровите играчи, во освоеното прво место на младинската репрезентација на ЕХФ Шампионатот
Каков беше придонесот на вардаровите играчи, во освоеното прво место на младинската репрезентација на ЕХФ Шампионатот

Каков беше придонесот на вардаровите играчи, во освоеното прво место на младинската репрезентација на ЕХФ Шампионатот

На изминатиот ЕХФ Шампионатот, кој во периодот од 20-29-ти јули се играше во С.Ц. Борис Трајковски во конкуренција на единаесет репрезентации, Македонија успеа да направи голем успех и да го освои првото место, што значеше и обезбеден пласман на Европското првенство во 2020 година.

Одигравме вкупно шест натпревари, на кои забележавме четири победи, во дуелите со селекциите на Велика Британија, Швајцарија, Украина, Фарски Острови и во големото финале против Белорусија, додека одигравме само против Италија со нерешен резултат.

На овој ЕХФ Шампионат, селекторот, Данило Брестовац на подготовките сметаше на седум играчи од ракометниот клуб Вардар, од кои пет влегуваа во составот, на сите пет одиграни натпревари. Се работи за Марко Кизиќ, Дејан Кукуловски, Марко Мишевски, Стефан Атанасовски и Иван Димитровски, сите се членови на Вардар Јуниор,  со кој се натпреваруваат во супер лигата. Останатите двајца кои не добија шанса, беа Андреј Петковски и Игор Ѓорѓиев.

Што се однесува до нивниот придонес на овој ЕХФ Шампионатот, четворицата играчи постигнаа вкупно 14 голови. Најмногу беа за Марко Мишевски кој запиша 7 голови зад неговото име, Дејан Кукуловски постигна 3, додека по 2 беа дело на Иван Димитровски и Стефан Атанасовски. Одличен на голот беше и Марко Кизиќ, кој запиша вкупно 20 одбрани и спречи 3 удари од седум метри.